Крег Грошел
Коосновач и пастор, Life.Church
Крег Грошел е постар пастор на Life.Church, иновативна црква, која одржува средби на повеќе локации во САД и глобално онлајн. Познат по користењето на најновата технологија во мисионерскиот пристап, Life.Church е креаторот на YouVersion Bible App, апликација за Библијата, која што може да се преземе во секоја земја. Грошел се рангира меѓу првите 25 главни извршни директори во САД (на мали и средни компании) и е најдобро продаван автор според Њујорк Тајмс; често одржува говори низ Северна Америка и низ светот и го хостира подкастот Craig Groeschel Leadership - со повеќе од еден милион преземања месечно.
Крег објаснува дека повеќе вложување – со текот на времето – на крајот носи намален профит и доаѓа момент кога дополнителниот трошок не се исплати за дополнителните ресурси.
Споделете ја со тимот вашата првична реакција на концептот – инвестирај помалку, добиј повеќе.
Доволно добро за одење напред (ДДОН)
Крег нè поканува да го препознаеме клучниот момент на инвестирањето, она што тој го нарекува ДДОН, препознавајќи кога е доволно добро за да продолжиме напред. Користејќи го дијаграмот подолу, прикажи ја кривата ДДОН со пример од твојот живот.
-
Размислувај за задача што се повторува за којашто си одговорен.
-
Опиши ги личниот влог и профитот на секоја точка на дијаграмот ДДОН.
Размислувајќи за истата задача од претходно, идентификувај ги факторите што најмногу ти помогнале да одредиш кога нешто е доволно добро за да продолжиш.
Во која област од твојата моментна улога потрагата по совршенство те ограничува?
Смени го правецот
Крег нè поканува да го смениме правецот за постигнување подобри резултати така што:
ќе размислуваме во рамка. Тој објаснува дека одлуките ја црпат енергијата, а ограничувањата ја поттикнуваат креативноста. Напишете неколку идеи за ограничувања коишто може да ги искористите за поттикнување на креативноста.
Сруши ги сите мостови. Крег ова го опишува како состојба на неповлекување - нема враќање назад.
Определи една задача којашто сакаш да ја постигнеш следната година.
Зошто е важно да се постигне оваа задача ?
Како можеш да ги „срушиш мостовите“ за да спречиш ти и/или твојот тим да се повлечете?
Крег ја завршува својата задача споделувајќи ja својата лична практика на потсетување како да ги избегне сомнежите и негативните гласови и да го следи повикот.
Кога е моментот да се повлечете?
Во што се впуштате?
Кое искуство може да го примените за да се потсетите себеси на одлуката?
ДЕЈСТВУВАЈ
Осврнувајќи се на клучните точки на Крег, на КОЈА од нив ќе се фокусирате во следните 7 дена, што би ги подобрило резултатите во средината што ја раководите?