Д-р Криш Кандаја
Основач, Home for Good; Консултант; Социјален претприемач
Д-р Кандаја е застапник за хранителство и посвојување, основач e на „Home for Good“, добротворна организација која се обидува да најде постојани домови за децата во рамките на британскиот хранителски систем. Автор е на 13 книги, меѓу кои и на последната, „Вероизам: Зошто христијаните и атеистите имаат повеќе заедничко од што мислите“ (ориг. Faitheism: Why Christians and Atheists have more in common than you think). Редовно емитувана на Би-би-си и е соработник на Гардијан и на лондонскиот Тајмс. Како меѓународен говорник и консултант, тој нуди креативност и академско размислување за остварување на стратешк, културна промена и иноваторство. Д-р Кандаја и неговата сопруга имаат седум деца со раѓање, посвојување и хранителство.
Како ќе изгледаа нашите домови и нашите организации и нашите лидерски тимови да беа места на можности за луѓе од секаков вид? Во овој говор, Криш Кандаја (Krish Kandiah) зборува за ВИП-лидерството. Тој им овозможува на водачите да го искористат својот потенцијал така што ќе ја зголемат визијата, вклученоста (инклузијата) и блискоста. Нѐ потсетува дека ВИП-лидерите знаат да разликуваат проблеми од можности.
Визија
Криш вели, „Лидерството значи да можеш да ги видиш работите поразлично од сите други. Кога другите луѓе гледаат проблеми, ти да видиш можности. Кога другите луѓе гледаат хаос, ти да гледаш решение.“ Постои разлика помеѓу визионер и лидер со визија. Визионерот ги гледа работите различно, додека лидерот со визија им помага на луѓето да ги видат работите различно. Лидерите со визија ги поведуваат луѓето на патување; тие се туристичките водачи.
Како вие им помагате на другите да ги видат работите поинаку кога е во прашање нивното лично лидерство и положбата што ја имаат во вашиот тим или во вашата организација? Каде во одредена околност може да додадете визија?
На кои начини може да им помогнете на другите работите да ги видат различно кога е во прашање нивното лично лидерство и позицијата што ја имаат во вашиот тим или во вашата организација?
Дали вашиот тим или организација гледа можности или проблеми? Како може во проблемите да почнете да гледате можности?
Вклученост (инклузија)
Криш ја опишува разликата помеѓу гостољубивостa и предрасудаta. Тој вели, „Гостољубивоста ги пречекува со добредојде. Предрасудата ги тера луѓето да ги заклучат нивните врати. Гостољубивоста ги тера луѓето да ги отворат своите врати. Предрасудата гледа нанадвор. Гостољубивоста гледа навнатре. Предрасудата води кон сегрегација. Гостољубивоста води кон солидарност. Предрасудата се јавува од аверзијата спрема ризикот. Вредностите на гостопримливоста делуваат ризично. Предрасудата гледа проблеми. Гостољубивоста гледа луѓе. Ова е моќта на радикалната инклузија.“
Во кои области треба да го смените начинот на кој раководите за да бидете поинклузивни?
Што прави вашиот тим или вашата организација или што не прават за поддршка на радикалната инклузија? Како тоа конкретно ќе изгледа во вашиот контекст?
Кои се трите начини на кои вашиот тим може позитивно да влијае на културата на вашата организација станувајќи погостољубив?
Блискост
Криш зборува за лидерите коишто создаваат бариери или користат брутална сила за да ја постигнат целта или да постигнат статус - овие лидери често се прикажани како лидери на кои им недостасува разбирање за блискост. Подобри лидери се оние што се блиски со луѓето. Тие, за возврат, ќе создадат живот со цел за себе и за луѓето што ги водат.
Постојат ли начини на кои непотребно си создавате бариери во вашиот живот? На кој начин би можеле да ги отстраните овие бариери за да остварите поголема блискост?
На кои начини, во вашиот најтесен круг, создавате простор каде што ќе ги поканите другите да го покажат најдоброто од себе? На кои начини би можеле да станете ваков лидер?
ACT
Reflecting back on each of the three areas of VIP Leadership: vision, inclusion, and proximity, which ONE area can you act upon this coming week?