top of page
TGLS2019-Jason-Dorsey.jpg

Џејсон Дорси

Најдобро рангиран говорник на генерацијата З и на милениумската генерација; истражувач

Џејсон Дорси е претседател на Центарот за генерациска кинетика, кој преку истражување, говорење и советување овозможува да се разграничи генерацискиот мит од вистината за лидерите во светот. Неговиот тим ги менува светските брендови во насока на придобивање на секоја генерација и презема клиенти од последната до првата за задржување на вработените и за раст на клиентите. Се смета за генерациски говорник и истражувач бр. 1, а Адвик (Adweek) го нарекува „истражувачки гуру“. Дорси користи оригинални истражувања базирани на факти за да ги објасни генерациските однесувања.

Џејсон Дорси вели дека денес во светот има пет генерации работоспособни. Погледнете ги годините на раѓање и пополнете ја табелата во продолжение, идентификувајќи се себеси и секој од вашиот тим со генерацијата што ја претставува.


• Генерација З: 1996–денес
• Милениумци: 1977/1981–1995
• Генерација Икс (Х): 1965–1976/1980
• Бејбибумери: 1946–1964
• Традиционалисти: пред–1946

На кој начин вие и/или вашиот тим ја доживувате генерациската тензија?

Трендови што ги обликуваат генерациите

Џејсон вели дека тренд број еден којшто ги обликува генерациите е родителството. Која беше философијата за родителство на вашето семејство и како таа влијаеше на вашето поимање на лидерството? За почеток, во продолжение се неколку прашања од Џејсон:

  • • Дали раководите со одредена работа?

  • • Дали мораше да се задолжите за да студирате?

  • • Требаше ли да студирате?

  • • Што е прифатлив ризик?

  • • Што е неприфатлив ризик?

 

Според Џејсон, вториот тренд што ги обликува генерациите е технологијата. Тој вели, „Технологијата е нова само ако може да се сетите каква беше порано.“ Размислете за својот однос со технологијата. 

  •  

  • Кога бевте дете:​
    • Каде одевте за да дојдете до информации?

  • • Кои уреди ви помагаа да комуницирате?

  • • Кои методи ги користеа наставниците во училиштата за пренесување на информации?

  • • Како слушавте музика и како гледавте видеосодржини?

Како вашиот однос со технологијата влијае на начинот на кој раководите и/или какво очекувате да биде лидерството? 

 

Трет тренд што ги обликува генерациите е географијата: урбана наспрема рурална помеѓу земјите. Каква улога сте забележале дека има географијата во генерациските разлики на вашето работно место?


Чекори на дејствување

Џејсон обезбедува три чекори на дејствување за да им помогне на генерациите да работат подобро заедно во тимови. Разговарајте какви дејства може да преземето на ова поле денес.


1. Наведете конкретни примери на очекувани достигнувања од работата. Џејсон вели, „Јазикот на лидерството варира во толкувањето според генерација, пол и географија“. Во кои подрачја очекувањата од работењето биле погрешно протолкувани во минатото? Како вашата комуникација би можела да биде појасна во овие подрачја?


2. Нелинеарно пренесување на пораки. Милениумците и Ген З не мислат линеарно. Нив ги води исходот. Тие имаат потреба да го видат прво крајот а потоа ќе го следат секој чекор. Во кои подрачја линеарното размислување предизвикало предизвици во вашиот тим? Како вашите пораки да се сменат за да бидат поприродни за Милениумците и за Ген 3?


3. Обезбедете брзи повратни информации. Бејбибумерите и Генерацијата Х беа учени: „ Ако шефот ви зборува, правите нешто лошо”. Милениумците и Генерацијата З беа учени: Ако шефот не ви зборува, правите нешто лошо”. Како тим, посветете време на тоа што го претпочитате во однос на повратните информации. Кои се некои од начините на коишто тимот успешно ги вклучува сите генерации и на кои начини повратната информација може да се случи различно така што ќе го вклучи секого во тимот?

ДЕЈСТВУВАЈ

Со сето знаење што го имате  за генерациите, што ќе преземето најпрво за да ги подобрите односите во тимот?

bottom of page