
Патрик Ленсиони
Најдобро продаван автор; Основач и главен извршен директор,
The Table Group
Патрик Ленсиони e автор на единаесет најдобро продавани книги, бестселери, со пет милиони продадени примероци, меѓу кои е и „Петте дисфункции на еден тим” (The Five Dysfunctions of a Team). Преку посветеноста на обезбедување идеи, производи и услуги за организациите за подобрување на тимската работа, за јасно дефинирање на улогите и ангажманот на вработените, неговите модели на лидерство им служат на разни компании, од оние на Fortune 500 до професионални спортски организации и цркви. Како фаворит на Самитот, Ленсиони ќе зборува за својата нова работа за мотивацијата и за тоа како таа го обликува нашето лидерство.
Патрик Ленчони (Patrick Lencioni), основач на The Table Group и автор на 11 најдобро продавани книги, работи со компаниите на подобрување на организациското здравје и зголемување на лидерскиот потенцијал. Во овој разговор, Патрик зборува за важноста да се разбере зошто некој сака да биде лидер за да се разбере како да се биде одличен лидер.
Два типа на лидерство
Патрик зборува за два типа на лидерство – едното добро другото лошо, и зборува за лидерство базирано на одговорност и лидерство базирано на награда. Кога ќе помислите на највлијателните лидери што влијаеле лично на вас, кој бил нивниот примарен мотив – што прави нивното лидерство за другите или што прави нивното лидерство за нив?
Кога сте постапувале како лидер фокусиран на награда и како тоа влијаеше на оние околу вас? Кога сте постапувале како лидер фокусиран на одговорности и како тоа влијаеше на оние околу вас?
Лидери фокусирани на награда — 5 лидерски одрекувања:
Имај ги непријатните, тешки разговори со луѓето што ги раководиш
Избегнувањето на тешките разговори сега може да стане катастрофа подоцна. Кои тешки разговори ги избегнувате? Размислете за тоа зошто ги избегнувате овие разговори?
Во кои тешки разговори треба да се вклучите за да се развивате како лидер фокусиран на одговорност?
Биди одговорен за оние што се под твое директно раководство (Не сакаш да бидеш „микроменаџер“)
Размислете за културата на раководење во вашиот тим или организација. Дали културата на раководење во вашата организација е автономна или микроменаџерска? Што влијае позитивно или негативно на тимот или на организацијата?
Во кое поле гледаш дека зголемената одговорност (или раководење со тимот) би ја подобрила работата на тимот или организацијата?
Води добри состаноци
Како би ја опишале моменталната атмосфера и ефикасност на состаноците на тимот?
-
Каква е физичката поставеност на вашите состаноци?
-
Чии гласови се вклучени?
-
Какви одлуки се носат на овие состаноци?
На основа на одговорите, набројте 3 начини со кои може да ја подобрите средината и ефикасноста на овие состаноци.
Посветувaj време за градење на твојот тим
Како сега се гради колегијалноста, довербата и единството во вашиот тим? И, на кој начин тоа позитивно му служи на тимот? Наведете неколку дополнителни начини на кои вашиот тим може да гради единство, доверба и колегијалност.
Повторувај ги клучните пораки јасно и често
Колку често лично ги споделувате вашата мисија, визија, вредности? Идентификувајте 2-3 начини или можности на коишто може да интегрирате засилени пораки за да им служите на оние што ги водите како „главен референт за потсетување”.
ДЕЈСТВУВАЈ
Разгледајте ги 5-те лидерски одрекувања на Патрик и идентификувајте ЕДНО од нив со кое можете целосно да почнете во текот на следната недела.